
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека е повлечена локалната потерница која беше распишана за 4 лица, бидејќи тие се веќе обезбедени.
Во Скопје, според зборовите на Тошковски на распит се однесени 5 лица, меѓу кои и еден поранешен министер. Тој додаде дека биле извршени претреси кај вработени во министерството економија, одземени се електронски уреди, оружје и доказни материјали.
Вчера 13 лица во Штип биле приведени. Приведени се сопственикот на дискотеката, продавачите на билети, две лица од обезбедување, приведени се тројца пазарни инспектори, еден од трудова инспекција, како и полициски службеници. На 14 лица, вели министерот им е одреден притвор од 48 часа.
Тој додаде дека МВР било повикано за службениците кои вршеле контрола во делот на недозволена трговија со дрога, а влегле неколку минути пред да започне пожарот.
– Полицаецот бил внатре и помагал да излезат лицата од дискотеката. Другите двајца службеници биле надвор, затоа не се повредени, но помогнале при евакуацијата – рече Тошковски.
Тој рече дека во однос на работното време, дали требала да работи или не по полноќ, по законска регулатива на ноќни барови и кабареа имаат можност да работат до 04 часот.