Skip to main content

Претрес во Скопје – запленети околу 100 грама кокаин

Во рамки на континуираните полициски активности за сузбивање и откривање на кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога, денеска (05.08.) во 01:00 часот од страна на полициски службеници од Единицата за наедозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена Судска наредба за претрес, извршен е претрес на дом на лицето Е.Е. (41) – информираше МВР.

Тие додаваат дека притоа полициските службеници откриле и заплениле една кеса со околу 100 грами прашкаста материја – кокаин, чија што вредност се проценува на околу 10.000 евра.

Во координација и по насоки од надлежен ЈО лицето е лишено од слобода во Полициската станица од општа надлежност Бит Пазар каде што е задржан за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против истиот ќе следи соодветна пријава – велат од МВР.

Поврзани вести