Skip to main content

Пожар во семејна куќа во Скопје

На 03.01.2025 година во 10.16 часот во СВР Скопје, Е.Ј.С. од Скопје, пријавила дека на ул.„Александар Македонски“ во Скопје настанал пожар во семејна куќа, сопственост на Е.С.(49) од Скопје.

Во куќата се наоѓале нејзиниот 12-годишен син и нејзината мајка, В.Ј.

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници при СВР Скопје, двете лица биле безбедно извлечени од куќата и со Итна медицинска помош истите биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, заради вдишување на чад, заедно со уште еден полициски службеник, кој исто така вдишал чад.

Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести