Во СВР Скопје вчера попладне од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив биле донесени Ш.С.(57) со тешки телесни повреди и Р.Р.(31) со телесни повреди, двајцата од скопското село Бојане.
Како што информира денеска МВР, според пријавеното, лицата се здобиле со повредите при извршување градежни работи во село Липково за фирма од Скопје.
Увид на местото извршиле екипа на СВР Куманово и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.