![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/01/kumot-goce-trajkovski-kumot-gocze-trajkovski.jpg)
Другар од полиција ми кажа дека „цитроенот“ и „кангуто“ се поврзани оти постојано одат заедно, откри на денешното судење за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведокот Гоце Трајковски, кој како стар пријател на таткото Александар Ѓорчевски водеше своја истрага за тоа каде е девојчето.
Тогаш полицаецот, не тој од „Сејф сити“ туку друг, ми кажа дека имаат осомничени некои велешани и некоја жена со име Билјана, откри сведокот Трајковски на денешното рочиште.
Инспекторите лажат дека таткото знаел сè од првиот ден, ќе кажам сè што ме тераа да кажувам, рече Трајковски.
Гоце рече дека не знае дали Александар имал некакви долгови, но оти не верува оти биле имотно семејство.
За снимките од Велес да не треба нешто да ви објаснам?, ја праша сведокот Трајковски обвинителката Јосифовска.
На тоа обвинителката само одмолче.