Skip to main content

Побарал сметка за донација, со податоците подигнал брз кредит на нејзино име

Вчера во 15.00 часот СВР Тетово, 28-годишна жена од тетовско село пријавила дека едно лице се обидело да ја измами.

Според пријавеното, лицето ја контактирало на социјална мрежа и се понудило да даде донација за нејзиниот болен брат, при што побарало да му испрати лична карта и трансакциска сметка од лице кое е во работен однос.

Како што е пријавено, набргу на сметката на нејзината мајка пристигнале 19.000 денари, за кои им рекол да ги подигнат и нему да му дадат 15.000 денари, додека останатите 4.000 денари ги остава за донација.

Исто така, според пријавеното, кога отишле во банка им кажале дека парите кои им биле пуштени на сметка потекнуваат од брз кредит на нејзино име, по што веднаш било реагирано и парите биле вратени на испраќачот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel giriş