Skip to main content

Пијан Албанец удри во бетонска ограда на „Туристичк“, одземени му се „мерцедесот“ и возачката

Ноќеска во 1:35 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид бил лишен од слобода Ј.Ј. (30) од Република Албанија, откако управувајќи патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, удрил во заштитната бетонска ограда меѓу двете коловозни ленти.

При извршеното алкотестирање, полицијата кај него утврдила 1,75 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и му биле одземени возачките документи.

По насоки на јавен обвинител, одземено е и возилото. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.

Поврзани вести