Skip to main content

Палчо ја убил Вања зошто немало да ја земе првично планираната сума за грабнувањето

Ја ставивме во гепек и по насоки на Пачло излеговме на „Партизанска“ и „Рузвелтова“ по „Илинденска“ и „Качанички пат“. Палевски не чекаше кај надвозникот.

Вака осомничениот Велибор Манев го продолжи сведочењето за деновите околу киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Претходно во неговиот исказ во Кривичниот суд тој откри и:

Стасавме до месноста Оризови дупки. Палевски ја праша која е, кои ѝ се мајка и татко. Ни рече да ја извадиме и да ја слика за да прати слики на фамилијата. Го извадив селотејпот видовме дека е дете, а не жена. Палчо ја држеше за главата а јас и Влатко за нозете. Копавме и рече да тргнам по него со возилото. Вреќата ја ставививме во „цитроенот“. Дојдовме до една ораница и со гориво кое претходно го зема, Кешишев и јас го запаливме „цитроенот“ на Панче. Со „кангуто“ тргнавме кон канеларијата. На снимките на совозачко место сум јас, а возеше Палевски. „Ова е грешка“, му рековме, „да ја пуштиме и ослободиме. Под маски сме, нема да не познае“. Ми рече да прекинам. Ми рече дека првичната сума за грабнувањето нема да може да се земе. Се свртев кон лозјата и додека гледав, Палевски преку перница испука куршум кон девојчето. Од пикапот извади лопата и ашов. Ни ги фрли и ни нареди да копаме, сведочеше Манев.

Палчо, подоцна се јавувал кај Манев за да му каже да не се секира „оти сè е чисто“.

Ми се јави кога беше на пат кон Турција и ми кажа дека ќе оди за Москва. Му реков „прави што знаеш, сведочи Манев.

Поврзани вести