
Судскиот процес за трагедијата во Кочани ќе се одвива непречено без оние „финти“ што се користат за одолговлекување на постапката. Па така, покрај главната судијка Диана Груевска Илиевска назначен е и втор судија во судечкиот совет е Ахмет Идризи.
Има и резервен поротник, со цел процесот да се одвива непречено. Случајот го застапуваат дури 15 обвинители, а денеска се пристутни десет.
Обид за одложување на рочиштето денеска имаше од адвокатот на Александар Нацев кој рече дека мора да се запознае со главното обвинение откако Груевска донесе одлука за спојување на предметот во еден.

Македонски









