Skip to main content

Нови двајца малолетници се слупаа со мопедите, тешко се повредени

архива

Нови две сообраќајни несреќи во кои учествувале малолетници на мопед.

Прво, вчера во 13.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Натанаил Кучевишки“ и ул.„Хо Ши Мин“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(24) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 15.37 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул.„Јане Сандански“ со ул.„Стеван Димоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп и патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната С.М. од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Поврзани вести