Skip to main content

На експресниот пат кај Крива Паланка, додека се вршел увид за сообрајка, налетал друг автомобил и повредил четворица полицајци

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на експресниот пат во близина на Крива Паланка, каде што вчера едно по друго се случија две сообраќајни несреќи. Додека се вршел увидот за првата сообраќајна несреќа, на обележната локација влетал друг автомобил и повредил четворица полициски службеници.

Како што информираат од Обвинителството, најпрво автомобил „фолксваген голф“ излетал од патот и се превртел, при што животот го загубил еден од сопатниците во автомобилот, додека неговиот син и возачот се здобиле со телесни повреди. Јавниот обвинител ги презел сите дејствија за обезбедување на доказите и за испитување на причините за несреќата, а за починатиот е издадена наредба за обдукција.

Но, додека на лице место се преземале дејствијата за увид, на обележаната локација влетал друг автомобил, кој најверојатно според првичните сознанија поради неприлагодена брзина удрил во паркирано возило и телесно повредил четворица полициски службеници кои го вршеле увидот. Во сообраќајната несреќа потешко повредена е и сопатничката во автомобилот, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Јавниот обвинител постапува и презема дејствија за испитување на причините и за оваа несреќа. 

Поврзани вести