Skip to main content

МВР поднесе прекрошочна за нелегалниот приклучок на фекална канализација што го улови Данела

СВР Скопје изврши увид на бул. „Словенија“ во врска со пријавата за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација за потребите на објект сопственост на правно лице од с.Глумово, општина Сарај. Овој приклучок го откри градоначалничката Данела Арсовска.

“Притоа е констатирано дека на булеварот е извршен наведениот ископ, по што од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје кон правното лице и одговорното лице во правното лице се преземени соодветни мерки и поднесена е прекршочна пријава согласно член 14 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата”, велат од МВР

Поврзани вести