Skip to main content

Македонски државјанин се удави во близина на Драч

Архива

Доцна попладнево на плажата кај Каваја, во близина на Драч се удави македонски државјанин.

Немилиот настан се случи во 19 часот кога 66-годишен жител на Македонија со иницијали Ш.А. се удави во морските води. Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегување во вода, се наведува во полициското соопштение.

Откако го забележале давеникот, кон него веднаш се упатиле и други лица од плажата, интервенирала и итна помош, но доктор само констатирал смрт.

Екипа на полицијата и јавен обвинител вршат увид, по што се очекува телото да биде дадено на обдукција.

Поврзани вести