Skip to main content

Мајка си ја нападнала ќеркичката со здравствени проблеми

Вчеравечер во 20.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода С.Л.(41) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 41-годишен сопруг дека во семејниот дом физички ја нападнала нивната малолетна ќерка, која е со здравствени проблеми.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово.

Како што соопшти СВР Тетово, С.Л. била задржана во полициска станица и по документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.

Поврзани вести