Skip to main content

Изгоре кров на напуштен објект во касарната Бедиње во Куманово

Во пожар вчера изгоре кров на напуштен објект во касарната во Бедиње во Куманово. Пожарот избувнал околу 9 часот, по што интервенирала противпожарната единица од Куманово.

Во поранешната касарна Бедиње запалена е кровна конструкција на старите објекти. Интевенирано е од 09:20 до 11:34 часот со 3 возила и 6 пожарникари, велат од Регионалниот центар за уравување со кризи (РЦУК).

Вчера пожарникарите интервенирале и на гаснење на запален оџак во с. Доброшане, во периодот од 19:50 до 23:00 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари, како и на запалена сува трева о Табановце и Косматац.

Поврзани вести