
Вчера, жена од скопското село Јурумлери пријавила во полиција дека е исчезната нејзината 15-годишна ќерка, информираат од МВР.
Во 8 часот во СВР Скопје, С.Б.(37) од с.Јурумлери, скопско, пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка М.Б.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР.