Skip to main content

Фудбалери, тренер и раководни структури осомничени за местење фудбалски натпревар – полицијата врши претрес

Денеска полицијата врши претреси на повеќе локации низ Гевгелија поради сомнеж за местење фудбалски натпревар од Втората лига помеѓу Кожув и Башкими – дознава Република од извори од МВР.

Според нашите извори, во истрагата се прибрани материјални докази за инволвираност на повеќе лица – меѓу кои фудбалери, тренер и раководни структури на двата клуба.

Неофицијално, Јавното обвинителство, на барање на МВР издало наредби за претреси, а сомнежот е против седум лица.
Ова е прв случај од ваков тип што се расчистува, не само во Македонија, туку и во регионот.

Нашите извори велат дека МВР преку Бирото за јавна безбедност испраќа јасна порака – криминалот нема засолниште, без разлика дали е на улица, во институција или на спортски терен.

Поврзани вести