Skip to main content

Едно лице почина во експлозија на плинска боца во Куманово

Едно лице почина во експлозија на плинска боца во семејна куќа во Куманово, информираа од СВР Куманово.

Како што соопшти полицијата, вчеравечер во 20:23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца.

Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово. Смрт констатирал лекар, а увидот е во тек, велат од СВР Куманово.

Поврзани вести