Skip to main content

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Фото: МИА

СВР Битола информира дека во битолската полиција било пријавено дека во населба „Кланица“ во Битола, кај место викано „Дрвено мовче“ во реката Драгор, било пронајдено безживотно тело. 

Од Секторот за односи со јавност посочија дека по извршено препознавање констатирано е дека се работи за 66 годишник од Битола, за кој на 2 јуни во СВР Битола негов роднина пријавил дека се оддалечил од домот. 

Лекар од Итната медицинска помош Битола констатирал смрт без траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, потврдија од битолската полиција.

Поврзани вести