
Претреси, разговори поврзани со злоупотреби во прилепската болница се одвиваат во моментов. Според информациите до кои дојде Република во моментов има широка антикорупциска акција на финансиската полиција и на МВР.
Направени се претреси на повеќе места низ градот. Акцијата се реализира по налог на надлежните институции и е поврзана со сомневања за евентуални злоупотреби.
Освен во самата прилепска болница, претреси се вршат и во неколку приватни домови на лица за кои постои сомнение дека се поврзани со случајот.
Се огласија од ОЈО:
Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција. По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази.
Повеќе информации наскоро.