
И натаму е во тек големата полициска акција во Скопје во врска со петте тони марихуана што минатата недела беа запленети во соседна Србија, а за кои српските медиуми информираа дека се набавени од македонска територија, објави 360 степени.
Десетина комби-возила, пет до шест камиони и полициски возила попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика „Охис“, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција.
Местото е под силно полициско обезбедување и пристап до таму не е можен.

Македонски



