Skip to main content

85-годишен скопјанец остана без 5.000 евра – измамниците го нашле на улица

Фрипик

На 30.12.2025 во 16:00 часот во СВР Скопје, 85-годишен маж од Скопје пријавил дека бил измамен од две лица за сума од 5.000 евра.

Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавеното, тие околу 11:00 часот на подрачјето на Центар го пресретнале него, при што едниот се претставил дека бил од Хрватска кој работел во Кувајт и го прашале дали може да им покаже евра за да ги споредат со еврата што ги имаат.

Како што е пријавено, тој ги зел парите од неговиот дом и им ги дал, а двете лица како гаранција му оставиле три алки наводно дијамантски да им ги чува, додека не му ги вратат парите.

Исто така, според пријавеното, откако не се вратиле сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести