Skip to main content

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Freepik

Зголемување од 1,3 проценти на прометот во Трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун и од 0,4 проценти во Трговијата на мало со автомобилски горива регистрира Државниот завод за статистика (ДЗС) во март годинава во однос на март минатата година.

Во трговијата на мало во март 2025 година, во споредба со март 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 4,3 проценти, а реално за 1,3 проценти, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво е зголемена номинално за 0,9 проценти, а реално опаѓа за 2,3 проценти, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 2,6 проценти, а реално опаѓа за 0,5 проценти и Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 0,4 проценти, а номинално опаѓа за 6,5 проценти, информира ДЗС.

Поврзани вести