Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестициите кои спаѓаат во портфолиото на ТИР-зоните ќе отворат нови 5 000 работни места

Инвестициите кои се веќе започнати или се во процес на договарање државна помош, а спаѓаат во портфолиото на ТИР-зоните, достигнуваат околу 650 милиони евра. Овие 17 инвестиции ќе отворат до 5 000 нови работни места, а и ќе придонесат значително за економскиот развој и намалување на невработеноста во земјава, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2025 година, македонската економија забележа реален раст од 3,5%, што, според податоците на Еуростат, ја рангира меѓу петте најбрзо растечки економии во Европа по Ирска, Малта, Кипар и Полска, а и пред останатите земји во регионот.

Номиналниот раст на македонската економија достигна историски рекордни 8,2%, што е продолжение на континуираниот раст од 2024 година, кога економијата забележа 3%. За следната година се очекува буџетски дефицит под 3,5%, како и реален економски раст од околу 4%.

Ова покажува дека кога се има јасна визија, одговорен пристап и конкретни чекори има резултати.

Секоја нова инвестиција и секое ново работно место се доказ дека Владата работи во интерес на граѓаните и ја поттикнува економската стабилност и развој.

А бројките зборуваат.

За време на СДС и ДУИ, или 28 квартали конкретно, реалниот раст на македонската економија беше 2%.

Лошите политики на СДС и ДУИ ја забавија продуктивноста и ја блокираа можноста за развој.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со јасна стратегија и решителни политики ја потврдува својата посветеност кон граѓаните, велат од владејачката ВМРО ДПМНЕ.