
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во период од една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди поддршка за општините за капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните. За сите општини на територијата на државата.
250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини. Од првиот јавен повик 288 одобрени проекти за општините од областа на транспортот, животната средина, образованието, културата, спортот и социјалната политика.
Огромен интерес на вториот јавен повик – 887 проекти во 80 општини се во фаза на евалуација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека за период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти.
Дел од проектите се следните:
Реализирани се 129 проекти за рамномерен регионален развој на Македонија.
Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и креирање на услови за здравствен туризам во ЈЗПР“ во вредност 29.556.254 денари.
Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија – Охрид, набавка на опрема и дигитализација во вредност 24.370.953 денари.
Заштита и превенција од пожари во микро регионот, Општини Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце „FIRESHIELD“- вредност 21.644.000 денари.
Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св.Еразмо“ – вредност 4.325.668 денари.
Подобрување на здравствените услуги и создавање на услови за рехабилитација на ранливи категории граѓани и постковид пациенти во Пелагониски плански регион во вредност 27.275.658 денари.
Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица, Берово-4та ламела, Општина Берово“ – вредност 22.278.213 денари.
24.885.000 денари за „Паметно ЛЕД осветлување“ во Полошкиот плански регион.
Одобрен стратешки проект за изградба на граничниот премин Клепало (Берово–Струмјани) во вкупна вредност од 11.127.682.
Паметни решенија Велес „Продолжуваме“ во износ од 46.215.459 денари.
Проект „Зелена топлина – Воведување на ефикасна услуга за греење на мали мрежи ориентирана кон клиентите, базирана на обновливи извори на енергија“ во општина Радовиш во износ од 55.921.234 денари.
Иновативни дигитални општински решенија во Општина Тетово, во износ од 37.887.429 денари.
Проект „Чист Аеродром“ – Нула цврст отпад во Општина Аеродром, во износ од 37.182.273 денари
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обидува, на секој еден можен начин, да ги приближи општините до граѓанинот.
Ги градиме темелите на промените.
Доаѓа времето на Македонија“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.