Skip to main content

УЈП го казнила „Пулс“ во декември

На 16 март така наречената дискотека „Пулс“ на Бел Рид во Кочани однесе 59 млади животи и остави зад себе бројни семејства во неизмерна болка. Македонија тагува, граѓаните сочувствуваат со настраданите, додека властите најавуваат целосна истрага и санкции за сите инволвирани.

Според истражувањето на „Код“, фирмата „МММ Кафе ДООЕЛ Кочани“, која управувала со дискотеката, имала блокирана сметка уште од 7 ми месец 2024 година.

Според информациите на КОД инспекторите на Управата за јавни приходи (УЈП), последен пат на 21 декември 2024 година извршиле контрола во објектот и утврдиле дека не се издаваат фискални сметки.

Поради тоа, сопственикот бил санкциониран, а дискотеката затворена и запечатена, наведуваат новинарите од КОД.

Поврзани вести