Skip to main content

ССМ на првомајски протест

Првомајски протест најавува ССМ, а причина, како што велат се ниските плати, нечовечните услови за работа, доцнењето со исплата на платите и во приватниот и во јавниот сектор како и поради непочитување на колективните договори.

Од ССМ ги повикаа сите синдикати, граѓани и работници кои не се задоволни од висината на платата и условите за работа да им се придружат на 1 Мај за да се изборат за барањата за зголемување.

„Денеска за жал огромен број на работници во приватниот сектор немаат добиено плата за март. Огромен број на институции од јавниот сектор немаат добиено плата за месец март. Ако ниските плати и неисплаќањето на плата не ви се доволен мотив да ни се придружите на 1 мај тогаш треба да знаете дека колку ќе дојдете и колку ќе дојдеме толку ќе добиете и толку ќе добиеме затоа што не бројат и Владата и работодавачите“ вели Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Поврзани вести