Skip to main content
Аналитичарите за најавениот протест за 30 отсто поголема плата на администрацијата

ССМ и УПОЗ сакаат да бидат поголема опозиција од опозицијата – барања надвор од законот

По штрајкот на вработените во Државното правобранителство, на 14 јануари на протест ќе излезат вработени од шест министерства и Државниот завод за статистика поради нивното барање администрацијата да добие дури за 30 отсто поголеми плати.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, потврди дека протестираат вработените од министерствата за култура, животна средина, европски прашања, дигитална трансформација, транспорт и врски, економија и труд.

Владата веќе ги покачи платите на просветните работници и докторите, како и на здравствениот персонал. Сега синдикатот бара повисока плата и на администрацијата во министерствата.

Не е коректно веднаш, без преговори од страна на синдикатот на ССМ, да се почне со штрајк, како прва мерка. Ова нивно барање не е предвидено ниту со закон ниту со колективен договор. Ова е директна уцена за решение надвор од законот – велат економистите.

Од друга страна пак аналитичарите коментираат дека со рекетарското однесување ССМ и УПОЗ наликуваат на опозиција на власта.

-Низа чекори кои се преземени од страна на ССМ и УПОЗ, како и она што вероатно следува може да се толкува како однесување на опозиција на вчаста. ССМ е во блиски односи и е спотер на ДУИ, Левица и СДСМ. Сакаат да бидат поголема опозиција од опозицијата – велат аналитичарите.

Инаку, според познавачите, синдикалните лидери се со плата над 1000 евра, како и додатни бенефиции.

Од УПОЗ велат дека бараат потпишување на колективен договор.

„Во понеделник официјално ќе објавиме кој сѐ ќе учествува на протестот. Засега има шест министерства кои ќе излезат на протест, односно Министерство за култура, Министерство за животна средина, Министерство за европски прашања, Министерство за дигитална трансформација, Министерство за транспорт и врски, Министерство за економија и труд, како и вработените во Државниот завод за статистика. Барањата се потпишување на колективен договор, со којшто вработените ќе имаат 30 проценти додаток на плата“, изјави Деаноски.