Skip to main content

Раст на индустриското производство од 2,8 отсто во октомври

Freepik

Индустриското производство во октомври 2025 година е зголемено за 2.8 % во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 0.2 %, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 0.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација зголемување од 26.5 %.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 25.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 10.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 9.2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 17.6 %.

Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024, е зголемено за 2.4 %

Поврзани вести