
За многу години Св.Трифун, со желби за родна година и квалитетно грозје, порача денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински, додавајќи дека му било чест што заедно со американската амбасадорка Ангела Агелер и директорот на Агенција за национална безбедност Бојан Христовски, беа дел од традицијата на закројување лозје на Св.Трифун, ден кој го одбележуваме како празник на лозарите и винарите, но и како симбол на лозарството, земјоделството и нашиот културен идентитет.
Им го честитав празникот на домаќините Хермес, со желби за успешна година, здрав и богат род, како и за изобилство на врвни вина, кои ќе бидат гордост на нашето лозарство. Овој ден е не само традиција, туку и потсетник на важноста на нашето земјоделско наследство, кое има значителен придонес во развојот на нашата земја. Да продолжиме да ги чуваме, развиваме и унапредуваме овие традиции, кои не само што се дел од нашето минато, туку се и темел на нашиот иден развој и напредок. Со поддршка и посветеност, лозарството и винарството ќе продолжат да бидат важен стожер за економскиот раст и традиционалната култура на нашата земја, порача министерот Перински.