Skip to main content

Ова се новите цени на горивата кои важат од утринава

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика за малопродажните цени на нафтените деривати, бензините поевтинија, додека дизелот бележи мало поскапување.

Од утринава на полноќ, ЕУРОСУПЕР БС-95 е поевтин за 1,50 денари и се продава по 74,00 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така се намали за 1,50 денари и изнесува 76,00 денари за литар.

Во спротивна насока се движи цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), која се зголеми за 0,50 денари и изнесува 70,00 денари за литар.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува непроменета и изнесува 69,50 денари за литар.

Исто така, цената на мазутот М-1 НС бележи благо намалување од 0,174 денари по килограм, па новата цена изнесува 39,409 денари за килограм.

Оваа одлука е донесена врз основа на методологијата за пресметка на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати, а се однесува на периодот што започнува од 7 јули 2025 година.

Поврзани вести