Skip to main content

Откупот на винското грозје ќе заврши во најдобар ред, откупната цена зголемена за 25 отсто 

Откупот на винското грозје ќе заврши во најдобар ред, имаме рекордно највисоки цени, а така ќе продолжиме и во наредниот период, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Одговарајќи на новинарски прашања за откупните цени на винското грозје и критиките на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека лозарите се изманипулирани, на прес-конфреренција во Стопанската комора на Македонија, тој рече дека е некоректно да се манипулира во овој предизборен период со маката и трудот на лозарите. 

– МЗШВ согласно Законот за вино ги има запазено сите законски обврски и потребни активности да ја истакне производната, односно откупната цена, која треба да биде зголемена за 25%. Жалам што се вметнува политика во мотиката, но тоа е начин на делување на СДСМ, нивна одлика, изјави Трипуновски. 

Заложба на Министертсво и Владата, според него е да се грижат за трудот на секој македонски земјоделец.

– Тоа го покажуваат и бројките на Државниот завод за статистика, а во котекст на тоа за успешноста на менаџирање на целиот процес второто тромесечје во 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забалежано од 26,4%, а во делот на откупот и продажбата второто тромесечје 2025, во споредба со истиот период лани имаме зголемување 7,2%. Ова значи дека го враќаме квантитетот на македонското прозиводтво ја зголемуваме продажбата, односно го враќаме производството на пиедесталот, рече Трипуновски.

Поврзани вести