Skip to main content

Од полноќ поскапуваат дел од горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,63% во однос на одлуката од 7 февруари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,198%, кај дизелот намалувањето е за 0,043%, кај екстра-лесното масло зголемувањето е за 1,055% и кај мазутот зголемувањето е за 1,452%.

Од 11 февруари од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • моторен бензин Еуросупер БС-95 – 79,50 (ден/л)
  • моторен бензин Еуросупер БС-98 – 81,50 (ден/л)
  • дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 73,00 (ден/л)
  • масло за горење Екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (ден/л)
  • мазут М-1 НС – 48,011 (ден/кг)

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 0,50 денари/литар, на Екстра-лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,00 денар/литар на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,542 денари/килограм и сега ќе изнесува 48,011 денари/килограм, додека малопродажните цени на Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) не се менуваат.

Поврзани вести