![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/aleksandar-nikoloski-1024x684.jpg)
Mинистерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска присуствуваше на промотивен настан за отпочнување на проект за интегрирани услуги за енергетски ефикасно реновирање на домови, проект кој е поддржан од ЕУ.
Министерството за транспорт ги подржува проектите од аспект на Енергетската Ефикасност, а со цел заштита на животната средина и намалување на загадувањето. Преку вакви проекти се бориме за заштита на животната средина и подобрување на животниот стандард, соопшти Николоски.