
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Н.Е. Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Француската Република, на која се разговараше за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Француската Република.
На средбата присуствуваа и претставници на бизнис заедницата на Француската Република пред кои беа презентирани можностите за отпочнување и унапредување на значајни инфраструктурни проекти од стратешка важност за државата.
На средбата беа потенцирани добрите билатерални односи меѓу двете земји, а беа разменети мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот.
Вицепремиерот Николоски ги претстави развојните планови на Владата и планираните инфраструктурни проекти, особено проектите кои имаат регионално значење и со кои се придонесува за забрзан економски развој на земјите од регионот.