
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одржа прес- конференција на кој информира дека одржале важен состанок со Советот за странски инвестиции, тело составено од преставници на водечки странски компании кои веќе инвестираат кај нас и кои со години ги следат економските политики во земјава.
Во дијалогот разговаравме отворено за предизвиците но и за потенцијалите што ги нудиме. Јасно е дека имаме промени кои мораме заеднички да ги продолжиме. Затекнавме една една тешка слика и реалност која ја менуваме. Денес имаме економија која расте, индустрија која произведува и извоз кој се зголемува и инвеститори кои повторно гледаат шанса да се тука дома во Македонија – изјави премиерот Мицкоски.
Тој потенцира дека реалниот раст на БДП во првиот квартал од 2025 година е 3,2% и дека тоа не е случајност и дека е резултат на стабилни политики и вредна работа.
Во периодот јануари -мај извозот е зголемен за 3,15%, додека увозот бележи раст од само 1% – потенцира Мицкоски.