Skip to main content

Мицкоски: Ќе имаме пет потрошувачки кошници, една за самец, за млад брачен пар, за тричлено, за четричлено семејство и за пензионери

Ќе имаме пет потрошувачки кошници, една за самец, за млад брачен пар, за тричлено, за четричлено семејство и за пензионери. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски кој рече потребите на сите се различни и рече дека за ова се консултирал со академската фела.

Интензивно работиме со професори и со министерот за економија, Бесар Дурмиши на оваа тема. Како што сум информиран процесот на утврдување на репрезентативност на синдикатите е завршен и наскоро ќе се одржи седница на Економско социјален совет на која ќе се разговарља и за потрошувачката кошница. Сметам дека тука треба да има пет сегменти, односно да има потрошувачка кошница за самец, за млад брачен пар, за тричлено семејство, за четричлено семејство и за пензионери. Потребите на еден пар пензионери се различни од потребите на еден млад брачен пар, изјави Мицкоски.

Тој појасни дека за овој предлог се консулирал со академската фела и додаде дека се потребни повеќе анализи за да се дојде до подобри резултати.

Инаку податоците од Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули 2025 година достигна 65,328 денари. Ова претставува пораст од 630 денари во споредба со претходниот месец (јуни 2025), кога таа изнесуваше 64,698 денари.

ССМ дополнително истакнува дека со вклучен трошок за изнајмување стан од 60 квадратни метри за месец јули, вкупната вредност на кошницата се зголемува на 80,703 денари.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница (СМК) за храна и пијалаци, која опфаќа 63 производи, за јули 2025 година изнесува 23,682 денари. Во споредба со јуни 2025 година (23,167 денари), забележано е зголемување од 515 денари.

Поврзани вести