Skip to main content

Мицкоски: Доколку се утврдат зголемувања на цените во маркетите до крајот на месецов, ќе бидат преземени построги мерки кои ќе важат до крајот на годината

Премиерот Христијан Мицкоски немал информации дека цените во маркетите се драстично зголемени по завршувањето на мерката за ограничување на маржите. Но, рече дека доколку се утврдат зголемувања до крајот на месецов, тогаш ќе бидат преземени построги мерки кои ќе важат до крајот на годината.

Немам такви информации. Разговарав со министерот пред два дена и ми покажа бројки. Немам информација дека тоа се случува, но доколку се случи на крајот на месецот, автоматски ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крајот на годината. Такви трикови нема да толерираме. Слушаме трикови дека преку прокси-правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на „маркетинг и пи-ар услуги“, а со тоа практично ќе се плаќа маржата од минатото. Вознемирени сме од тоа што го слушаме и не е добро. На тој начин не можеме да градиме партнерски однос, одговори Мицкоски на новинарско прашање при поставување на камен-темелник на спортска сала во Општина Аеродром.

Поврзани вести