Skip to main content

Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д

Собранието денеска изгласа законски измени со кои треба да се овозможи забрзана изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, со решенија со кои се уредува начинот на исплатата на работите поврзани со експропријацијата.

На продолжение на 22. седница, со 64 гласа  „за“ беше усвоен Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола), по скратена постапка, на предлог на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на изградбата односно спроведувањето на Проектот се наметна потребата од уредување и на начинот на исплатата на работите поврзани со експропријацијата што претставува претходен неопходен елемент со цел непречено и забрзано спроведување на Проектот кој е од јавен интерес односно изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10 д, стои во образложението.

Со членот 1 се врши допрецизирање на начинот на обезбедување на финансиските ресурси и плаќањето за обезбедените услуги и работи за спроведување на проектот. Се допрецизира членот 5, во смисла на прецизирање на алокацијата на средствата потребни за извршување на работите поврзани со експропријацијата неопходна за спроведување на изградбата на коридорите 8 и 10д, односно дека исплатата ќе се врши на Инвеститорот во форма на трансфер преку Министерството за транспорт.

 На денешната седница беше изгласан и за Законот за гаранција од државата на обврските по Финансискиот договор  за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Македонија, дел на Македонија“, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициска банка и Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје, во државна сопственост, по скратена постапка. Предложените одредби се направени со цел обезбедување целосно и успешно завршување на градежните активности на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Македонија, дел на Македонија“.

Со склучување на амандмани на Финансискиот договор, на Договорот за гаранција и на Договорот за грант со ЕИБ ќе овозможи средствата обезбедени од Европската инвестициона банка и од Инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ, да бидат достапни за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Македонија, дел на Македонија“.

Собранието го усвои и Законот за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, по скратена постапка, со кој се воспоставува нов начин на известување за финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, се основа Совет за внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, како советодавно тело на министерот за финансии и се создава основа за донесување на подзаконските акти во рок од 18 месеци.

Изгласани беа и законите за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, на Законот за јавна чистота, на Законот за комуналните дејности, на Законот за гробишта и погребални услуги, со усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Прифатени се и предлозите за разрешување на членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување Игор Ивановски, Сулејман Ахмети и Александра Кокаровска, како и членот на Регулаторната комисија за домување Ќемал Ќамили. 

Во тек е пауза на барање на координаторот на СДСМ Оливер Спасовски, кој упати процедурална забелешка откако беше отворена општата расправа по Предлог  законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibom güncel girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escort