Skip to main content

Горивата во Македонија меѓу најевтините во регионот

Според извештајот на Здружението на нафтени компании на Србија (УНКС) за цените на горивата во регионот, од 13 октомври 2025 година, Албанија и Грција го задржаа статусот на земји со најскапо гориво, додека Босна и Херцеговина Македонија и Бугарија се уште се меѓу најповолните,објави Блиц.рс


Просечната цена на бензинот BMB 95 во регионот е 1.429 евра за литар. Албанија бележи највисока цена со 1.779 евра, по што следува Грција со 1.756 евра, додека Србија е на третото место со 1.519 евра за литар.

По Србија следуваат Романија (1.491 евра), Унгарија (1.460), Словенија (1.405), Црна Гора (1.240), Хрватска (1.230) и Македонија (1.218), додека БиХ е најевтина со 1.189 евра.

Кога станува збор за дизел, просечната цена во регионот е 1.429 евра, а Србија е меѓу земјите со највисока цена – 1.566 евра за литар, веднаш зад Албанија (1.779) и пред Грција (1.546).

Freepik

Пониски цени на дизелот се забележани во Романија (1.533), Унгарија (1.507), Словенија (1.457), Хрватска (1.350), Црна Гора (1.240), Бугарија (1.204), БиХ (1.173) и Македонија (1.143).

За автогас на TNG, просечната цена во регионот е 0,729 евра за литар. Најскапи се Словенија (0,886 евра) и Унгарија (0,831), додека Србија е во средината со 0,797 евра.

Возачите во Албанија (0,588 евра) и Босна и Херцеговина (0,612 евра) плаќаат најeвтин гас.

Извор: Блиц.рс

Поврзани вести