Skip to main content

ДЗС: Трошоците за живот во ноември на годишно ниво пораснале за повеќе од четири проценти

Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4.3 отсто, а цените на мало од четири отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 1 отсто.

Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите за храна и безалкохолни пијалаци за 2.1 отсто, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.5 отсто, ресторани и хотели за 0.8 отсто, облека и обувки, здравје за 0.2 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 отсто.

Во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите транспорт за 0.9 отсто, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.3 отсто, разновидни стоки и услуги за 0.1 отсто.

Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во ноември во однос на октомври годинава забележале раст ид 0.3 отсто.

Поврзани вести