Skip to main content

Цената на златото во нагорна линија

Фрипик

Според најновите податоци од Kitco, цената на златото денес се движи приближно околу 4.133 евра за унца или грам се тргува за 132 евра, со благ дневен раст од околу 0,4%.

Ова значи дека златото продолжува да ја задржува својата позиција како сигурно засолниште за инвеститорите, особено во услови на глобална економска неизвесност и инфлациски притисоци.

Аналитичарите посочуваат дека интересот за злато останува висок, особено поради геополитичките ризици и политиките на централните банки. Во последниот период, златото бележи и долгорочен раст, што дополнително го зацврстува неговиот статус како заштита од економски шокови.

Се очекува цената и во наредниот период да остане чувствителна на глобалните економски движења, курсот на доларот и каматните стапки.

Поврзани вести