
Посетата на пациенти на сите клиники на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) на Србија е забранета поради превенција и контрола на ширењето на респираторните инфекции, јавува денеска РТС.
Забраната за посета на пациенти стапи во сила вчера, соопшти Централната комисија за болнички инфекции на Универзитетската болница на Србија, објавено е на веб-страницата на таа здравствена установа.
Заради превенција, нареден е зголемен епидемиолошки надзор на хоспитализираните пациенти со знаци и симптоми на респираторна инфекција, како и тестирање на овие пациенти.
Од истите причини беше предложена и изолација на позитивни/сомнителни хоспитализирани пациенти со знаци и симптоми на респираторна инфекција, согласно консултациите на епидемиологот.