Skip to main content

Вучиќ и Рама заедно напишаа колумна, предлагаат делумна интеграција на Албанија и Србија во ЕУ

Српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама повикаа на забрзан процес на интеграција на Србија и Албанија во Европската Унија, објави „Јуроњуз“.

Тие, во заеднички авторски текст, објавен во германскиот весник ФАЗ,  ја опишаа својата идеја како „реалистичен пат кон ЕУ“, при што функционалната делумна интеграција би служела како меѓуфаза за оживување на процесот на проширување на ЕУ и за зголемување на стабилноста во регионот.

Нивниот заеднички предлог предвидува постепена интеграција во внатрешниот пазар на ЕУ и во Шенген-зоната, но без: еврокомесари од нивните земји, пратеници во Европскиот парламент, право на вето.

Полноправна членка на ЕУ ги има сите овие права.

Процесот на пристапување во ЕУ за Србија и другите земји од Западен Балкан со години стагнира, бидејќи кандидатските држави не постигнале доволен напредок во: владеење на правото, борба против корупцијата, слобода на медиумите, реформи во судството.

Тие предлагаат пат кон ЕУ кој би подразбирал постепена интеграција во единствениот пазар и во Шенген-зоната, но без право на вето за новите членки.

Постепена интеграција како меѓучекор

Вучиќ и Рама својата идеја ја опишаа како функционална делумна интеграција која би послужила како меѓучекор за оживување на процесот на проширување на ЕУ и за зголемување на стабилноста во регионот. Нивниот предлог предвидува постепена интеграција во единствениот пазар и во Шенген-зоната, но без право на: еврокомесар во Европската комисија, пратеници во Европскиот парламент, право на вето – права кои ги уживаат полноправните членки.

Процесот на пристапување кон Европската Унија за Србија и другите земји од Западен Балкан со години стагнира бидејќи кандидатските држави не постигнале доволен напредок во клучни области како што се: владеење на правото, борба против корупцијата, слобода на медиумите, реформи во правосудството.

Поврзани вести