Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ потврди дека вонредна седница на Парламентот ќе биде закажана за в среда и дека ќе се расправа за гласање доверба на Владата.
Како што рече, конечниот дневен ред ќе се знае утре.
Таа на ТВ Прва рече дека најважно за неа е пратениците, меѓу другото, да го донесат законот за станбени кредити за млади, кој Владата го испрати во собраниска процедура, а дека за опозицијата е најважно што ќе се расправа за доверба на Владата.
Брнабиќ рече дека тоа ќе било и порано на дневен ред, но дека опозицијата злоупотребила два потписи.