Skip to main content

Во Драч вплови воениот брод “Либра” донација од Италија за албанската воена морнарица

Фото: Принтскрин

Во пристаништето Драч попладнево вплови италијанскиот воен брод „Либра“, корвета од типот „Касиопеа” што на албанската морнарица и го донира Италија.

„Оваа донација е важен чекор во зајакнувањето на капацитетите на албанските поморски сили, овозможувајќи подобрена поморска одбрана и придонесувајќи за меѓународните мисии на НАТО и за регионалната стабилност, објави министерот за одбрана, Пиро Венгу.

Бродот е  опремен  со софистицирани радарски системи, а има и можности за операции за пребарување и спасување и заштита на критичната поморска инфраструктура.

„Со високи способности за автономија и напредни оперативни капацитети, „Либра“ ќе служи како важен дел во албанските поморски сили. Ќе придонесе за поморската безбедност и регионалната стабилност на Албанија, исполнувајќи ги мисиите на НАТО и поддржувајќи го мировниот процес во јадранскиот и јонскиот поморски простор, но и надвор од Медитеранот, каде што должностите и мисиите на НАТО ќе бараат од нас, оцени Венгу.

Во Драч беше и премиерот Еди Рама, кој го разгледа бродот, а присуствуваше и на потпишувањето на два значајни документи.

Првиот, писмото за намери за префрлање на воениот патролен брод „Либра“ во употреба на албанската поморска сила, како и договор за соработка меѓу италијанската компанија „Финкантиер“ и албанската компанија „КАЈО“ за заедничкото вложување во воената индустрија.

Поврзани вести