
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Унгарија разговарала со Србија за изградба на нафтовод за снабдување со руска нафта.
Според Сијарто, во дискусиите учествувале и руски претставници.
Унгарскиот шеф на дипломатијата истакна дека поради погрешните одлуки на Брисел, цените на енергијата во Европа се зголемиле многу повеќе отколку во остатокот од светот и додаде дека овој проблем може да се реши со привлекување повеќе извори на енергија и развој на транспортни правци.