Skip to main content

Турција потпиша договор за изградба на фабрика за муниција на Косово

pexels-kaboompics.com
pexels-kaboompics.com

Турската државна компанија за одбранбена опрема „МКЕ“ потпиша договор за изградба на фабрика за проиводство на муниција на Косово, објавува „Дејли Сабах“.

Турскиот весник наведува дека производствениот капацитет на фабриката ќе биде 20 милиони куршуми годишно. Фабриката треба да биде завршена во 2026 година.

Како што е наведено во извештајот, според договорот, турската компанија ќе ѝ обезбеди на официјална Приштина машини за производство на патрони и куршуми, линии за полнење и склопување, како и лаборатории и опрема за тестирање.

Поврзани вести