Skip to main content

Тројца тинејџери загинаа во Косово откако се урна таван на напуштена куќа

Тројца малолетници загинаа откако се урна таван во напуштена куќа во југоисточниот дел од Косово по што полицијата почна истрага за несреќата, јавија косовските медиуми.

Несреќата се случила во селото Јабланица синоќа кога се урнал дел од таванот на конструкцијата, а внатре биле тројца тинејџери.

Косовското обвинителство денеска соопшти дека „се преземаат сите истражни дејствија“ и истакнаа дека телата се испратени на обдукција.

Локалните медиуми објавија дека куќата била ненаселена со децении и дека жртвите биле на возраст од 14 до 15 години. 

Поврзани вести