Skip to main content

Топлотен бран во Грција, температури над 40 степени

Тридневен топлотен бран до среда ќе ја зафати цела Грција, при што температурите на места ќе достигнат и над 40 степени Целзиусови, јавуваат грчките медиуми.

Поради најавените екстремно високи температури, заседаваше Специјалната комисија за проценка на ризици, а Цивилната заштита упати препораки до граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни поради зголемената опасност од пожари.

Според метеоролошките прогнози, највисоки температури се очекуваат во Тесалија се предвидуваат од 40 до 41 степен, додека во областа Агринио, во Западна Грција, температурата може да достигне до 42 степени Целзиусови.

Од среда се очекува постепено намалување на температурите, и тоа прво во северните делови на земјата, а од четврток и во останатиот дел од Грција.

Поврзани вести